Случајот со Јилдиз Веапоска може да добие и четврт судија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдиз Веапоска, ќе се врати од почеток, ако до 5-ти септември нема разрешница, објавија повеќе медиуми. Судијата од Скопје кој го води овој предмет е делегиран да работи во струшкиот суд до почетокот на септември. Во меѓувреме судењата и натаму се одложуваат – се одложи и денешното со обраложение дека не било готово супер вештачењето, а наскоро ќе започне и судската ферија која трае до средината на август.

На Веапоска, во 2020 година по породувањето со царски рез во струшката болница ѝ беа извадени три органи – јајник, матка и еден бубрег.

Првообвинет во случајот е гинеколог од Струга, Мухамед Асани, а потоа неговиот син Блертон Асани. Третообвинета е докторката Лилјана Јованоска. Тие се товарат за предизвикување тешки дела против здравјето на луѓето.Доктор Асани веќе се изјасни за невин.

Share This Article