More

    Планирал да ја ослободи од затвор поранешната претседателка Жанин Анез

    spot_img

    Боливиската полиција го уапси генералот Хуан Хозе Зунига, што се обиде да направи воен удар синоќа во главниот град Ла Паз.

    Би-би-си јавува дека апсењето на Зунига се случило неколку часа откако неговите војници упаднале во претседателската палата.

    Армијата, опремена со оклопни возила, претходно зазеде позиции на плоштадот Муриљо, каде се наоѓаат клучните владини згради во Ла Паз.

    Нема повеќе војници на плоштадот, а претседателот Луис Арсе го осуди обидот за државен удар.
    Тој го повика населението да се „организира и мобилизира… во корист на демократијата“.

    – Не можеме да дозволиме Боливијците повторно да умрат поради обид за државен удар – рече Арсе во телевизиското обраќање до нацијата што беше емитувано од претседателската палата.

    Провладините демонстранти веднаш реагираа излегоа на улиците на Ла Паз за да го поддржат Арсе.

    Тој најави дека ќе назначи нови воени команданти и потврди дека генералот Зунига бил сменет откако отворено го критикувал Ево Моралес, поранешниот претседател на Боливија.

    Моралес, исто така, го осуди обидот за државен удар и побара генералот Зунига и неговите „помошници“ да бидат обвинети.

    Канцеларијата на јавниот обвинител на Боливија соопшти дека е покрената кривична истрага.
    Би-би-си објави дека Зунига планирал да ослободи „политички затвореници“, вклучувајќи ја и поранешната претседателка Жанин Анез, противник на поранешниот претседател Моралес, кој и понатаму е влијателен во земјата.

    Генералот планирал и да го уапси Моралес во случај повторно да се кандидира за претседател, што нема уставно право да го прави.

    САД рекоа дека внимателно ја следат ситуацијата и повикаа на смиреност и ненасилство.

    Тензиите се зголемуваат во Боливија пред националните избори следната година, а левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес ќе се кандидира против поранешниот сојузник Арсе.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, ја осуди боливиската војска која се обиде да го собори демократски избраниот претседател на земјата.

    „Силно го осудувам обидот за соборување на демократски избраната влада на Боливија“, напиша Фон дер Лајен на Х.

    – Европската унија стои зад демократиите. Ја изразуваме нашата силна поддршка за уставниот поредок и владеењето на правото во Боливија – изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

    Истиот став го искажа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img