Познатиот хрватски техно-милионер и пионер на електричните автомобили во оваа балканска земја, се разведе. По три години брак Мате Римац и Катарина Ловриќ решија да не бидат заедно, пренесува 24сата. Ова го потврдиле извори блиски до Римац, иако кружеше како гласина веќе неколку месеци.
Дали Катарина потпишала предбрачен договор и што ќе биде со нивниот имот по разводот?
Деловната империја на компанијата Римац, именувана по Мате, е тежок милиони евра, иако од анализата на работењето на неговите најважни компании во 2023 година – Rimac Technology, Bugatti Rimac и Rimac Group, може да се заклучи дека сите три работеле со загуба и ги подигнале просечните плати значително над ниво на општа инфлација.
Кумулативно, приходите на сите три компании изнесуваат 259,16 милиони евра, а тие оствариле вкупна загуба од 89,83 милиони евра. Во 2023 година во сите три компании од системот Римац работеле 1.711 вработени, пренесува Јутарњи.
Да потсетиме, Мате и Катарина се венчаа во 2021 година во вилата Далмација во Сплит, која беше и една од омилените резиденции на Тито, а потоа одржаа втора церемонија во родното Ливно.
Тие беа во врска седум години, а се познаваат вкупно 17 години.
Многумина Римац го нарекуваат балканскиот Илон Маск.