More

    Николоски го повика Обвинителството да влезе во Железници инфраструктура и во Државни патишта

    spot_img

    Министерот за транспорт Александар Николоски кој денеска одржа прес-конференција за ревизорскиот извештај за капиталните инвестиции го повика Јавниот обвинител да влезе во ЈП Железници транспорт и ЈП Државни патишта и да го преиспита нивното работење.

    – Доколку јавниот обвинител не влезе во овие претпријатија, јас ќе го повикам да ми објасни зошто не го прави тоа – рече Николоски кој подвлече дека нема да дозволи јавни пари да се користат за проекти кои не можат да се реализираат или за нив да се трошат огромни суми пари.

    Тој рече дека ќе разговара и со кредиторите за да се преиспита проектот железнички коридор 8 трета фаза.

    Повод за ваквата реакција на министерот, како што рече, се загрижувачките наводи во извештајот на државниот ревизор за инвестициите на автопатиштата и во железничката инфраструктура, но и тендерот за третата фаза од железничкиот коридор 8 за кој денеска завршува доставувањето понуди.

    Тендерот, како што рече Николоски, е распишан во предизборен период и е темпиран да заврши во момент кога новата влада не може да го поништи и да реагира бидејќи потписите на министрите сѐ уште не се депонирани.

    – Тендерот е во вредност од 560 милиони евра, за кој денеска завршува рокот за доставување понуди. Тука имаме разлика од 220 милиони евра за фазата 3 од железничката пруга Крива Паланка до границата со Бугарија. Оваа пруга е планирано да минува низ центарот на Крива Паланка каде што се зафаќаат многу куќи и имоти. Тие треба да се рушат, а луѓето ќе останат без куќи. Процесот на експропријација ќе биде тежок. И што е најважно пругата завршува во тунел, што е невиден скандал. Вториот дел од тунелот кој е на бугарска страна и за него Бугарија нема направено проект ниту испитување на теренот, дали може да се гради на истата локација на која е планиран тунелот на македонска страна. Можеби нема да може да се продолжи овој тунел што ќе значи дека оваа инвестиција може да биде промашена – рече Николоски.

    Тој додаде дека скандалозно е и тоа што изградбата на овој дел од пругата кон Бугарија чини 25 милиони евра за еден километар.

    Во однос на работењето на ЈП Државни патишта Николоски се повика на ревизорскиот извештај во делот на автопатот Кичево- Охрид, автопатот кон Блаце и автопатиштата од коридорите 8 и 10д како и  на кои им се поминати роковите, а висината на инвестицијата само расте, како и за патот Дреново-Градско за кој проект рече дека има ризик од арбитража.

    Николоски најави дека ќе го објави договорот со „Бехтел и Енка“ и дека тој ќе се преиспита.

    Новиот министер за транспорт најави посебни мерки во однос на смена на директорите во ЈП државни патишта и Железници инфраструктура кои самоиницијативно не даваат оставки.

    Николоски ја појасни и идејата за воведување градски воз во Скопје, која како што рече, се заснова на користење на постојната железничка инфраструктура во градот Скопје и во околината која не е нова инвестиција.

    Тој рече дека треба да направи детална физибилити студија во краток рок за тоа колкав проток на пратеници може да има, кои се железничките станици кои што веќе постојат, а не се во функција, дали треба да се изградат нови и кој би бил најефикасен начин за нови, каква е состојбата на возовите…

    Министерот како пример ја посочи пругата низ Драчево која не се користи на адекватен начин.

    – Јас сум убеден дека доколку има редовни возови кои сообраќаат во точно време и се чисти и добро уредени, со пристојна цена на карта, бројни граѓани ќе ја користат оваа опција. Сега тргнуваат и не знаат што ќе ги најде по пат. Ќе се намали сообраќајната гужва. Наскоро ќе излеземе со целосна визија – рече Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img