Холивудската ѕвезда Кијану Ривс (59) со својот бенд „Догстар“ дојде на годинешниот фестивал INMusic и синоќа настапи во Загреб, пишува „Јутарњи лист“.
Имено, тимот на „Јутарњи“ наидел на неочекувана глетка пред хотел во Загреб. Пред влезот, на подот, потпрен на ѕидот, седел човек во црни фармерки, а испаднало дека е никој друг туку славниот Кијану Ривс.
Познато е дека можете да го сретнете на места каде што никој не би очекувал таква ѕвезда, како кога беше снимен како се вози во метро или се дружи со бездомници.
Ривс седел на подот, а на новинарската екипа со малку тажен глас и рекол: „Зборувам на телефон, тоа е мое приватно време“, објави „Јутарњи.хр“.
Трпеливо чекале и кога завршил го замолиле да се фотографира со нив, што тој со насмевка прифатил.
Познатиот актер се прослави во трилогијата „Матрикс“, а денес е една од најпознатите личности во светот. Тој е голем хуманитарец и секогаш со задоволство помага. Се откажува од огромните хонорари за да можат другите актери да добијат пари, финансиски им помага на луѓето на сетот. Тажните човечки приказни секогаш го допираат затоа што и самиот поминал низ пеколот, па затоа секогаш е среќен да им помага на таквите без никој да го бара тоа од него.
ФОТО: Инстаграм/„Јутарњи лист“