More

    Сите знаци укажуваат на фактот дека до крајот на овој век, популарноста на Медитеранот како дестинација за одмор драстично ќе опадне, а тоа е поради неподносливите горештини

    spot_img

    Сите знаци укажуваат на фактот дека до крајот на овој век, популарноста на Медитеранот како дестинација за одмор драстично ќе опадне, а тоа е поради неподносливите горештини. Споменатиот дел од Европа во август ќе биде како во Дубаи.

    Негативните трендови се веќе видливи. Грција, на пример, го забележа најраниот топлотен бран во последните две недели, во делови од Каталонија има ограничувања за вода за време на Велигден поради рекордна суша и на Сицилија, каде живата во термометарот достигна рекордни 48,8 степени во 2021 година, деновиве некои угостителски објекти мораа да ги одвратат гостите поради недостиг на вода.

    Некои тврдат дека Европа отсекогаш имала сезонски топлотни бранови, но тие никогаш не биле толку интензивни и чести. Според Службата за климатски промени Коперник, десетте најтопли години се забележани од 2000 година. Минатата година температурите низ Европа беа еден степен над просекот и два степени над прединдустриските нивоа.

    Питер Стот, поранешен шеф на климатскиот мониторинг во Метеоролошката канцеларија, предвидува дека температурите во Европа наскоро ќе го надминат прагот од 50 степени Целзиусови.

    – Ова ќе се случи прво во областите најблиску до Медитеранот бидејќи таму е најсилно влијанието на топлиот воздух од Северна Африка – предупреди тој.

    Рози Мемет, докторант и метеоролог на Универзитетот во Ридинг, вели дека ова лето може да донесе повеќе рекордни температури. А со нивниот раст најзагрозена ќе биде јужна Европа.

    Стапката на смртност поврзана со топлината на Стариот континент е зголемена за 30 отсто, а подолгите, потопли и суви лета предизвикуваат суши, кои пак влијаат на земјоделството и производството на храна, ја оштетуваат инфраструктурата и ги уништуваат живеалиштата. Средоземното Море се загрева побрзо од глобалниот просек и се предвидува дека до 2100 година ќе се зголеми за еден метар.

    Имајќи го предвид сето горенаведено, туристичките дестинации во Медитеранот секако имаат причина за грижа. Бидејќи нивните економии во голема мера се потпираат на туризмот, кој во Хрватска сочинува повеќе од 19,6 отсто од БДП, во Грција 18 отсто, во Шпанија 12 отсто и во Италија 10,5 отсто.

    Во иднина туризмот се повеќе ќе се врти кон постудениот север. Документот од 2023 година, нарачан од Европската унија, симулирајќи различни нивоа на затоплување и влијание врз туристичките движења, предвидува јасна шема во промените во туристичката побарувачка, при што северните региони ќе имаат корист од климатските промени, а јужните региони се соочуваат со значително намалување на туризмот.

    Овој процес е веќе во тек. Извршниот директор на германската компанија Туи, Себастијан Ебел, изјави дека нивната компанија планира да инвестира повеќе во пакет-тури низ полското Балтичко Море и во Холандија и во Белгија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img