Започна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот, кој ќе ги поврзува Скандинавија и Централна Европа.
Станува збор за тунелот Фемарнбелт долг 18 километри кој ќе ги поврзува Данска и Германија под Балтичкото Море. Планирано е да има патен и железнички сообраќај и се очекува да биде пуштен во употреба во 2029 година.
Тунелот треба да го скрати и времето на патување меѓу Данска и Германија. Патувањето со воз ќе трае 7 минути, а патувањето со автомобил 10 минути. Сегашното патување со траект трае 45 минути.
Изградбата ќе чини 4,8 милијарди евра, а целосно е финансирана од Данска, која подоцна ќе одлучува за наплатата на патарините за тунелот.