More

    Што направил еден бездомник откако нашол паричник со 2.000 евра?

    spot_img

    Хаџер Ал-Али е бездомник во Амстердам веќе 18 месеци, но сиромаштијата не го спречила да покаже доблест.

    33-годишниот бездомник пронашол паричник со околу 2.000 евра, па веднаш пријавил во полиција, објави порталот Баронс.

    Хаџер барал пластични шишиња за кои може да добие надомест, но овој настан не само што го прославил, туку му овозможил и признание.

    „Бидејќи веруваме дека чесноста се исплати, Ал-Али доби признание во вид на статуетка со сребрен палец и подарок ваучер од 50 евра“, соопштија властите.

    „Во паричникот за жал немало лични документи или начин да се контактира неговиот сопственик“, соопшти полицијата.

    Доколку никој не се јави за паричникот во рок од една година, парите ќе му бидат дадени на тој што ги пронашол.

    – Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам. Можеби сопственикот има компанија каде што може да ми обезбеди работа или сместување каде што би можел да живеам. Никогаш не се знае – рече Ал-Али.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img