More

    Ѓорѓиевски ги повика градоначалниците да им помогнат на Тетово и на Јегуновце

    spot_img

    Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, кој, откако заедно со екипите од општината ги санираа последиците од невремето во Кисела Вода, синоќа беше во оpштина Јегуновце каде што присуствуваше на извлекување на едно семејство чија куќа се најде во езеро од вода и замрзнат град по невремето во село Сиричино.

    Тој, како што соопштија од ЗЕЛС, веднаш излегол во пресрет на барањата на градоначалниците на Јегуновце и на Тетово кои побарале помош и организирал машини за испумпување на водата. Остварил и телефонски разговори и со сите останати градоначалници во чии општини невремето направи огромни штети. Апелираше до сите свои колеги од локалната самоуправа да помогнат каде што има потреба, а самиот тој, најави дека ќе остане за да помогне додека е потребно.

    Општина Јегуновце, според информацијата, има сериозни последици од големото невреме кое го зафати овој крај. Јегуновце и регионот се без струја, а градот ги уништи се сите посеви од жито и пченка.

    -Организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце. Се слушнав и со мојот колега Билал Касами од Тетово, каде и тој побара помош. Како претседател на ЗЕЛС разговарав и со сите градоначалници каде има или имаше невреме. Апелирам до сите градоначалници во Македонија да помогнат каде што има потреба. Сега е најпотребно да си помогнеме едни на други! – изјави Ѓорѓиевски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img