More

    Полицијата заплени мобилен телефон и лаптоп на славна жена

    spot_img

    Полициската управа во Лос Анџелес неодамна откри нови детали за смртта на Метју Пери.

    Како што дознава порталот „Ин тач“, полицијата го конфискувала мобилниот телефон и лаптопот на славна личност која била поврзана со смртта на Метју Пери.

    Според нивните информации, станува збор за женско лице кое исто така било приведено на разговори, откако полицијата на Лос Анџелес (ЛАПД) заедно со Администрацијата за борба против дрогата (ДЕА) покренала истрага за причините за смртта на Пери.

    Кога полицијата пристигнала со налог за претрес во нејзиниот дом во Лос Анџелес, таа не била присутна. Но, кога се вратила соработувала со полицијата и не и ставиле лисици.

    „Додека полицајците ја пребаруваа нејзината соба, зеле ајфонот и лаптоп. Таа ангажирала адвокати и имала повеќе состаноци со полицијата откако пристигнале во нејзиниот дом. Таа не открила премногу за ситуацијата, но инспекторите морале да знаеш нешто за да добиеш налог и така да се појавиш“, рекол изворот.

    Овој медиум јавува дека го знаат идентитетот на лицето, но нема да соопштуваат детали бидејќи истрагата е во тек. Но, откриле дека таа и Пери се запознале на рехабилитација, а потоа неочекувано станале пријатели. Како што понатаму наведува изворот, приведената жена тврди дека никогаш не направила ништо за да му наштети на Пери.

    Инаку, два месеци по неговата смрт, лекарите констатирале дека славниот актер починал од акутните ефекти на кетаминот.

    За потсетување, Пери беше пронајден мртов на 28 октомври минатата година во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес. Според истражителот, во неговиот стомак биле пронајдени траги од кетамин, кој се користи во некои лекови за депресија. Сепак, токсиколошките извештаи покажаа дека количината на кетамин пронајдена во телото на Пери е слична на нивоата што се користат за анестезија на пациентите во болницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img