Српската поп пејачка Јелена Карлеуша важи за една од најатрактивните пејачки во регионот. Високата згодна русокоса долги години може да се пофали со неверојатна фигура, а не е тајна дека имала одредени естетски корекции.
Добро е познато дека пејачката одамна ја коригирала големината на градите, како и дека работела на волуменот на усните, но сега се одлучила за уште еден третман.
За најновата естетска корекција на Јелена Карлеуша, пофалбите одат на сметка на позната руска докторка, на која таа и ја доверила негата на своето лице.
Имено, откако доби многу комплименти за нејзиното прекрасно лице без брчки, а потоа и прашања како успева во тоа, пејачката на своите обожаватели им откри што е последното нешто што го поправила на своето лице.
– Бидејќи сите ме прашувате, ви ја откривам тајната и ви ја претставувам најдобрата руска докторка задолжена за ботокс, што го направив за првпат минатата година. Резултатите се воодушевувачки! Не се мрштам и сите забележаа неверојатна промена – напишала Карлеуша покрај фотографијата со руската докторка.
Може да се каже дека пејачката избрала врвна експертка, бидејќи изгледа свежо и подмладено, а се чини дека естетската корекција на Јелена Карлеуша била одличен избор, бидејќи според многумина таа изгледа подобро од кога било.