Пратениците попладнево ја продолжија расправата за новата влада, која треба да биде избрана најдоцна до полноќ, но седницата беше прекината поради прекин со напојување со електрична енергија поради невремето во Скопје.
Од Собранието велат дека седницата ќе продолжи откако ќе се надминат техничките проблеми предизвикани од невремето.
Скопје доцна попладнево и вечерва е зафатено од силно невреме проследено со интензивни налети на ветер, дожд и грмотевици. Претходно невреме го зафати и Тетово и околината.