More

    Кој е Драган Рогановиќ, првата жртва на експлозијата во Цетиње?

    spot_img

    Драган Рогановиќ беше боксер, успешен спортист, но и телохранител на Горан Радоман кој беше првата жртва во Шкаљарско-кавачката војна, пишува српски Мондо.

    Боксерот Драган Рогановиќ, еден од двајцата „шкаљарци“ убиени утринава во експлозијата во Цетиње, веќе неколкупати бил мета на непознати лица. Тој беше телохранител на Горан Радоман кој во февруари 2015 година беше убиен во Белград.

    Рогановиќ и другпат бил нападнат. Веќе еднаш бил ранет на 07 декември 2017 година околу 18.15 часот во Цетиње. Кога излегувал од автомобилот, непознато лице пукало во него со автоматска пушка „калашников“. Мотивот за нападот никогаш не е официјално познат, а куршумот го погодил во ‘рбетниот пршлен.

    Подоцна се појави информација дека овој обид за негово ликвидирање бил организиран од кавачкиот клан, позната криминална група во Црна Гора.

    Во експлозијата загина и Петар Калуѓеровиќ кој бил уапсен пред 2 месеца за недозволено поседување оружје.

    Михаил Борозан (29), Владимир Калуѓеровиќ (34), Петар Калуѓеровиќ (20) и Милан Калуѓеровиќ (35) од Цетиње пред 2 месеца биле приведени поради сомнение дека сториле кривични дела „недозволено држење и носење оружје и распрскувачки материјали“.

    По апсењето на Борозан и на семејството Калуѓеровиќ, од Управата на полицијата соопштија дека службените лица, на повеќе локации на територијата на Цетиње, извршиле претрес на повеќе објекти кои ги користеле членови на организирани криминални групи и лица од безбедносен интерес, како и лица поврзани со нив.

    Рогановиќ и Петар Калуѓеровиќ загинаа во експлозијата што се случила утринава околу 9 часот пред влезот на Спортскиот центар во Цетиње. Покрај двајцата „шкаљарци“, повредени се и 3 други лица.

    „Шкаљарците“ биле во луксузен црн „мерцедес“. Колку била силна детонацијата, говори податокот дека се искршени стаклата на зградата на Спортскиот центар, но и тоа што на местото на експлозијата било откорнато дрво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img