More

    Канада ја класифицира Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

    spot_img

    Канада го прогласи корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) како терористичка организација. Министерот за јавна безбедност Доминик Лебланк ја нарече одлуката важна алатка во борбата против глобалниот тероризам. Во исто време, Отава ги повика сите канадски граѓани да го напуштат Иран.

    „Оваа акција испраќа силна порака дека Канада ќе ги искористи сите алатки што и се на располагање за борба против терористичкиот ентитет на Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ)“, рече канадскиот министер за јавна безбедност Доминик Лебланк на прес-конференција во средата.

    „Нашата влада ќе се погрижи да нема имунитет за незаконските дејствија на Иран и неговата поддршка за тероризмот“, додаде тој, според странските новински агенции.

    На новинарско прашање која е причината за ваквата одлука, Лебланк објасни дека е донесена по совет на безбедносните служби и земајќи ги предвид надворешнополитичките аспекти.

    Оваа мерка, меѓу другото, значи дека канадската полиција може да го обвини секој кој обезбедува финансиска или материјална поддршка на ИРГЦ, а банките можат да ги замрзнат нивните средства. Покрај тоа, на голем број високи ирански владини функционери, вклучително и највисоки функционери на ИРГЦ, ќе им биде забранет влезот во Канада.

    Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли ги повика сите Канаѓани во Иран да ја напуштат земјата што е можно поскоро поради ризикот од репресалии.

    Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кач, чија земја е жесток противник на Иран, ја поздрави одлуката на Канада, пренесува германската новинска агенција dpa.

    Револуционерната гарда е елитен огранок на вооружените сили на Иран, кој беше формиран по Исламската револуција во 1979 година со цел да ја заштити идеологијата на државата и, пред сè, да спречи државен удар. ИРГЦ беше силно критикувана за нејзината вмешаност во угнетувањето на иранското население. Исто така, во многу земји од ЕУ има повици Револуционерната гарда да биде вклучена во листата на терористички организации, јави ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img