Ако Зоран Заев не го променеше името на државата, Грција ќе беше под голем притисок да ја признае Македонија под уставното име. Ова го откри поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на конференцијата во Атина на која присуствуваа заедно со поранешниот македонски премиер.
– Не само што беше вистинското време туку ако не го потпишевме договорот работите можеа да „скиснат“, не само да созреат затоа што 6 години подоцна работите многу се променети. Се прашувам, ако денес дури и скандинавските земји сакаат да се приклучат во НАТО, каков ќе беше притисокот врз Грција? Без оглед кој е на власт ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на нашата соседна земја – призна Ципрас пред Заев.