Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за здравство.
Дел од медиумите денеска пренесоа сомнежи дека во битолската болница не било наврме интервенирано и не биле преземени мерки за да се спаси животот на бебето. Засега нема подетални официјални информации за трагичниот настан.