More

    Ветропарк од 450 милиони евра ќе биде чекор кон енергетска независност

    spot_img

    Вториот работен ден на новата влада ќе биде одбележан со оваа инвестиција во ветропарк која има вредност од околу 450 милиони евра, нешто кое се нема случено кај нас, не само во полето на енергетиката туку генерално во бизнисот, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на новата влада, Христијан Мицкоски

    – Се работи за една голема странска инвестиција која ќе произведува 20% проценти од вкупното производство на електрична енергија и тоа ќе биде таа обновлива енергија со што правиме чекор кон комплетна енергетска независност – истакна  Христијан Мицкоски за време на денешната посета по повод почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово, одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот ветропарк.

    Мицкоски е убеден дека за неколку месеци Македонија ќе биде енергетски независна.

    – Јас сум убеден дека за неколку месеци од денеска ќе може да прогласиме дека Македонија ќе биде енергетски независна. Ќе произведуваме онолку колку што ќе трошиме, а граѓаните нема да бидат загрижени за својот стандард и паричник заради големата инфлација поради високите сметки за електрична енергија, туку таа електрична енергија која ќе ја трошиме истата и ќе ја произведуваме. Нема да ја увезуваме со што ќе се намали разликата на нашата трговска сметка, а истовремено ќе се зголеми БДП, а со зголемување на БДП повторно ќе се вратиме на она место каде припаѓавме а тоа е во врвот во Европа според раст на БДП, а не сега на дното како изминативе 6-7 години – дециден е Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави и дека по формирање на владата ќе се разгледа можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување.
    -Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме, ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на една дебата и дискусија за враќање на цената на електричната енергија, односно да ја разгледаме и можноста дури и за намалување – истакна идниот премиер.
    Мицкоски информираше дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да го направи и намалувањето на цената на струјата. 

    -Имаме план, имаме начин како да го направиме тоа во периодот што следи. Граѓаните треба да бидат спокојни, доаѓа влада која ќе се грижи за стандардот на граѓаните – изјави Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img