More

    Новородено машко бебе починало во Битолската болница

    spot_img

    Новородено машко бебе починало во Битолската болница, дознава Сител.

    Според телевизијата, од Битолската болница „Трифун Пановски“ бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено без знаци на живот.

    „Неколку саати подоцна, од страна на доктор неонатолог мајката е известена за состојбата на новороденчето. Во текот на денот, состојбата на новороденото се подобрува, истото е со подобрена сатурација, везикуларно дишење, добро прима храна. Во саботата во 13:25 часот состојбата на новороденото нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична. Транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, соопштија од Битолската болница пренесе СДК.мк.

    На Клиниката за детски болести било констатирано дека бебето починало и било вратено во Битола. Телото е предадено за обдукција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img