More

    Со познат хит и нежни бакнежи ѝ го честиташе роденденот на Јелена

    spot_img

    Јелена Ѓоковиќ вчера го прослави својот роденден, а по тој повод Новак се огласи на социјалните мрежи. Додека сите чекаат нови информации за состојбата на повредата, за тоа дали ќе игра на Вимблдон, српскиот играч имаше објава упатена до неговата сопруга Јелена. Со посебна причина.

    Трогателната порака воодушеви многумина.

    „Среќен роденден на најдобрата сопруга, мајка, пријателка, партнерка, водач, учителка, инспирација што можев да ја посакам. Мојата партнерка за цел живот, Јелена“, напиша Ноле на својот Инстаграм со нивна заедничка фотографија.

     

    Јелена роденденот го прослави во ресторан во Белград, со тесен круг на пријатели, а за музичкиот дел беше задолжена познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ, на која и се придружи нејзиниот колега  Стеван Анѓелковиќ.

    Познато е дека Милица прави одлична атмосфера на настапите, а Новак и Јелена по втор пат ја поканија да ја организира нивната прослава.

    Победничката на „Гранд ѕвездите“ заедно со Јелена ја отпеа песната на легендарниот Луис „Се освен тага се дели“ и сподели снимка од прославата.

    Во еден момент и Новак се фати за микрофонот и специјално за Јелена го отпеа познатиот хит од Здравко Чолиќ „Јужњаци“ .

    „Љубовта е посилна од виното, не следи како судбина, како најубава магија“, се репликите кои Ноле ги пееше додека ја гушкаше и бакнуваше Јелена, а Милица го бодреше со аплауз

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img