More

    Мицкоски со јасен став за составот на новата влада

    spot_img

    Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави мандаторот на новата влада Христијан Мицкоски.

    Ова беше одговор на Мицкоски на прашањето каков е неговиот коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите, да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците.

    Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со Стоиљковиќ и нагласи дека од секој член од владата очекува да има промакедонски, татковински позиции.

    – Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден ќе биде членка на Европската Унија – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по поднесувањето на предлогот за состав на владата.

    На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата ’Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ и дека тој верува во неговата чесност.

    – Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции – додаде Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img