Глумицата Анџелина Џоли деновиве го посети украинскиот град Лавов каде што разговараше со раселените лица меѓу кои и деца што се на лекување поради повреди добиени во ракетниот напад на железничката станица Краматорск во почетокот на април.
Џоли го привлече вниманието кога се појави во неупадлива облека во кафуле во градот, каде што им делеше автограми на оние што ја препознале, објави тамошната телевизија.
Глумицата заедно со останатите потрча во засолниште кога засвиреа сирените за опасност.
Џоли е специјален пратеник на УНХЦР за бегалци од 2011 година.