Експерти предупредуваат дека со неразумно трошење се „билда“ јавниот долг

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавниот долг се „спушти“ под 60%. Во првиот изборен квартал од годинава јавниот долг изнесувал 58,6% од БДП. Идната Влада планира нов заем од 1 милијарда евра, пишува Порталб.мк.

Според економистите, оваа сума отвора повеќе прашања. Едно од нив: за што ќе се трошат парите?

Според последните достапни информации, на крајот на март, јавниот долг на државата изнесувал 8 769 900 000 евра или 58,6% од БДП. Долгот кон домашните кредитори изнесувал 3,3 милијарди евра, а кон надворешните 5,4 милијарди евра.

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, веќе најави ново задолжување од 1 милијарда евра, сума која предизвика бурни реакции во јавноста и отвори бројни прашања во бизнис-економските кругови.

– Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Официјално, деталите за овој финансиски пакет сè уште не се обелоденуваат, но од она што се знае е дека се работи за заем со поволни услови и дека ќе биде договорен по принципот „влада со влада“. Дел од економистите предупредуваат на внимателност поради повеќе фактори, а еден од нив и влијанието врз јавниот долг.

– Ново билатерално надворешно задолжување од 1 милијарда евра не е добар чекор за македонската економија. Нашиот долг и без тоа веќе е на границата на прифатливост од 60% од БДП, а и условите за негово финансирање се влошени со значително повисоки каматни стапки. Тоа би бил огромен дополнителен товар врз буџетот каде и како и да се потрошат тие пари, освен за враќање на старите долгови, но мислам дека идејата на новата власт е обратна. Ниво на задолжување од 1 милијарда евра е еквивалент на 7 отсто од сегашниот БДП. Тоа би значело дека Јавниот долг веднаш би пораснал на околу 67 отсто од БДП и тоа би ги влошило условите за идни задолжувања, но и сервисирањето на постојниот долг. Во крајна инстанца може да го намали и постојниот, не така добар кредитен рејтинг од ББ, на нашата економија и земја – вели Никола Поповски, еден од поранешните министри за финансии.

Во ситуација кога приходите не се доволни за финансирање на расходите, и кога не може значајно да се зголеми приходната страна а да се намали трошковната, ние и понатаму ќе мора да се задолжуваме, но прашање е за што, вели даночниот експерт Павле Гацов.

– Со оглед на потребата од задолжување, јасно е дека се важни условите на задолжувањето, но исто така и намената на долгот. Исплатата на повисоки пензии кои ќе бидат покриени со задолжување уште повеќе ќе ги затегне јавните финансии и фискалниот простор. Економистите не се против наменски задолжувања кои ќе обезбедат принос (раст на БДП) кој ќе бие повисок од трошокот на долгот (камата). Но за жал ефикасноста на инвестициите на државата е многу ниска и со слабо влијание на порастот на БДП. Најавеното задолжување на 1 милијарда треба да биде под силна опсервација на Фискалниот совет како тело кое треба да го објективизира буџетското трошење особено во услови на буџетски дефицит и пораст на јавниот долг – вели Гацов.

- Advertisement -
Ad image

Неодамна и од Народната Банка предупредија на внимателност и потсетија на праксата Македонија, на странските пазари, да се задолжува кај меѓународни финансиски кредитори.

– Секако еден од важните фокуси треба да ни бидат меѓународните финансиски институции, каде условите под кои ги даваат кредитите се многу поповолни од пазарните услови. Немаме подетални информации околу сите овие најави за новите задолжувања, нивната природа, карактер, услови итн. – изјави гувернерската Анита Бежоска Ангеловска.

Професорот Поповски предупредува дека во околности кога долгот расте, не може да се занемари и фактот дека новото задолжување од 1 милијарда евра ќе ја „влоши“ должничката позиција на државата.

- Advertisement -
Ad image

– Намените и условите за задолжување во овој случај нема да се толку важни како што е висината на задолжувањето и вкупното ниво на долгот. Таа најава на новата власт треба темелно да се преиспита од самите нив – вели професорот Поповски. Според податоците од ревидираната фискална стратегија, годинава јавниот долг треба да достигне максимални 61,8% од БДП а намалување се проектира од следната година.

Share This Article