Земјата го намали уделот на руската нафта на 12 отсто

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерката за надворешни работи Аналена Баербок повтори дека Германија е за ембарго на нафта против Русија.Германија сега е „подготвена“ да се снаоѓа без руска нафта неколку години, изјави таа за јавната телевизија АРД.

-Новите договори за снабдување со нафта значително ја намалија зависноста на Германија од Русија – додаде Баербок.

Уделот на руската нафта што се користи во Германија се намали од 35 отсто на 12 отсто во период од неколку недели, според владата. Со германското „да“ за ембаргото за нафта, расте притисокот врз преостанатите земји-членки на ЕУ за кои се сметаше дека ја одолговлекуваат дискусијата. На посебен состанок во Брисел денеска министрите за енергетика на ЕУ ќе разговараат за прекинување на руската испорака на гас за Полска и Бугарија.

Share This Article