Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги објави вечерва кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, кои беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Како што соопшти Мицкоски, за министри ќе бидат предложени следните кандидати:
За заменик-претседател и министер за транспорт ќе биде предложен Александар Николовски.
За министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајлоски
Гордана Димитриеска Кочовска, ќе биде министер за финансии
Министер за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде Тимчо Муцунски,
За министер за локална самоуправа ќе биде предложен Златко Пирински,
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе биде Стефан Андоновски.
За министер на новото Министерство за спорт ќе биде предложен Борко Ристовски,
Министер за енергетика и минерални суровини ќе биде Сања Божиновска,
Министер за земјоделие ќе биде Цветан Трипуновски.
Предлог за министер за култура и туризам ќе биде Зоран Љутков,
Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски
Образованието и науката ќе ги води Весна Јаневска
Претседателот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски ќе биде предложен за заменик-претседател на владата, а политички систем.
Заменик-претседател на владата ќе биде и Иван Стоиљковиќ од српската партија за односи меѓу заедниците.
Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција на декадата на Ромите.
Мицкоски рече дека има доверба во сите предложени кандидати бидејќи се професионалци во струките и мошне активни членови на партијата каде што и се докажале.
-Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа. Мора да ги засукаме ракавите од првиот ден бидејќи состојбите се очајни – рече Мицкоски.
Тој рече дека при изборот на кадровскиот потенцијал се водел од принципите за чесност и посветеност кои целосно ќе се вложат во реализација на зацртаните цели.
Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија.
Предлог составот и програмата на владата Мицксоки ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.
Новиот мандатар не сета дека треба да се организираат локани избори во општините од кои се избрани новите членови на владата, бидејќи како што рече, не е време за нови трошоци бидејќи за една година ќе се организираат редовните локални избори.