Киев утре ќе одржи мировни преговори со Русија ако Москва се повлече од целата украинска територија, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски по завршувањето на дводневната мировна конференција во Швајцарија.
– Но, Владимир Путин нема да стави крај на војната. Затоа, мораме да го спречиме со какви било средства, било воени или дипломатски. Западната помош не беше доволна за да се добие војната, но самитот покажа дека меѓународната поддршка за Украина не слабее – посочи Зеленски.
На прес-конференцијата по мировниот самит во Швајцарија, Зеленски јасно стави до знаење дека сака Русија да биде присутна на следните разговори.
– Веќе има голем број земји кои сакаат да бидат домаќини на вториот мировен самит. Украина веќе ги започна преговорите со нив и сигурен сум дека изборите навистина ќе имаат глобално значење – нагласи украинскиот претседател.
Зеленски најави дека вториот мировен самит ќе се одржи за неколку месеци.
– Ако Русија дојде на вториот самит, тоа ќе значи дека сака мир и дека самата одлучила да ја прекине војната. Во спротивно, светската заедница ќе го принуди. За нас е важен само крајот на војната – рече Зеленски.