More

    Околу 85% анкетирани прифаќаат да се забранат апликации, игри и социјални мрежи кои не се соодветни за деца

    spot_img

    Децата поминуваат премногу време на интернет, а тоа има штетно влијание врз нив,  сметаат граѓаните во најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

    Интересно е што ваквиот став доаѓа од граѓани кои повеќе од две третини велат дека ги користат социјалните мрежи а на интернет дневно поминуваат и по повеќе од 2 часа. 69,4% од граѓаните сметаат дека интернетот негативно влијае врз децата, додека 26,1% сметаат дека има позитивно влијание.

    Ова прашање го имавме поставено и во ланската анкета и трендот останува сличен иако се бележи благ раст и на оние кои гледаат позитивно но и на оние кои гледаат негативно влијание.

    Најголемиот дел од граѓаните или 79,6% сметаат дека децата поминуваат премногу време на интернет. Само 10% сметаат дека децата поминуваат соодветно време а има и 5,6% од анкетирани кои се на ставот дека децата поминуваат премалку време на интернет.

    86,7% од анкетираните сметаат дека децата треба да имаат ограничено време кое ќе го поминуваат на интернет, додека само 7,7% сметаат дека тоа не е потребно.  85,1% од анкетираните сметаат дека одредени апликации, игри или социјални мрежи кои не се соодветни за децата треба да се забранат.

    Најголемиот дел од граѓаните или 25,4% на интернет дневно поминуваат меѓу 1 и два часа. 18% поминуваат под 1 час додека 14,6% на интернет се над 4 часа секој ден.

    Две третини од граѓаните или 69% рекле дека користат социјални мрежи додека 23,4% рекле дека не ги користат.

    Очекувано, најмногу корисници на социјални мрежи, меѓу 85 и 90% има кај граѓаните до 50 годишна возраст. Меѓу оние кои имаат над 60 години социјални мрежи коистат само една третина или 31,6%.

    Граѓаните најчесто користат Фејсбук. 65,3% од анкетираните рекле дека тоа е нивниотпрв избор. Втор избор за 32,5% од граѓаните е Инстаграм. Се користат и Тик-ток, Икс и Јутјуб.

    Точно две третини од граѓаните сметаат дека социјалните мрежи имаат негативно влијание врз луѓето, додека 24,3% сметаат дека влијанието е позитивно.

    Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници, во периодот од 23 до 26 мај оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img