More

    Масовни демонстрации во Израел

    spot_img

    Десетици илјади луѓе демонстрираа синоќа во Тел Авив и низ Израел, при што говорниците на протестите истакнаа дека целосна победа над Хамас не е можна и дека војната затоа треба да заврши за да се обезбеди ослободување на заложниците, пренесе Бета.

    Протестите, кои се одржуваат еднаш неделно, беа организирани синоќа во услови на застој во преговорите за примирје со палестинската екстремистичка организација Хамас, само неколку часа по смртта на осумте израелски војници во борбите во Рафах во јужниот дел на Газа.

    Некои демонстранти на улицата Каплан во Тел Авив запалија шатори во знак на протест против неуспехот на израелската влада да преземе акција пред немилосрдните напади на либански Хезболах во северен Израел.

    Тие се судрија со полицијата во обидот да го блокираат главниот автопат.

    Претставниците на семејствата на заложниците демонстрираа во близина, тврдејќи дека Израел никогаш нема да може целосно да ја добие војната.

    Полицијата уапси 12 лица за нарушување на јавниот ред, вклучувајќи блокирање патишта и демонстрации подолго од дозволеното, објавија израелските медиуми.

    На демонстрациите во јужен Израел во близина на Газа присуствуваше и лидерот на израелската Партија за национално единство, пратеникот Бени Ганц, за прв пат откако минатата недела ја повлече партијата од владата.

    Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид им се обрати на демонстрантите во Тел Авив, критикувајќи ја одлуката за оживување на нацрт-законот кој, доколку биде усвоен, ќе им овозможи на учениците од религиозните училишта да бидат ослободени од редовната воена служба.

    Лапид оцени дека овој контроверзен предлог-закон уште повеќе ја дели државата.

    За разлика од демонстрантите, екстремно десничарскиот израелски министер за финансии Безалел Смотрич повика на продолжување на борбата во Газа, велејќи дека Израел се бори за опстанок.

    „Високата цена на војната не обврзува да продолжиме до целосно уништување на непријателот“ – напиша Смотрич на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img