Германската полиција застрела маж кој се обидел со секира да ги нападне минувачите во Хамбург. Инцидентот се случил во близина на навивачката зоната каде има околу 40.000 холандски навивачи
Според германскиот весник Билд, напаѓачот и се придружил на толпата и ги нападнал навивачите и обезбедувањето.
Во Хамбург од 15 часот се игра натпреварот од Европското фудбалско првенство помеѓу Холандија и Полска.
Локалните медиуми објавија дека полицијата пред да пука, употребила спреј прорив напаѓачот . Еден полицаец прво испукал предупредувачки истрел, а потоа неколку други истрели биле испукани кон напаѓачот, кој паднал на земја. Напаѓачот е тешко повреден и му е укажана лекарска помош.
Полицијата соопшти дека напаѓачот имал и запаливо средство, најверојатно некаков молотов коктел.