Дали принцот се сретна со шефот на МИ6?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Принцот Вилијам беше во приватна посета на британската тајна разузнавачка служба МИ6, а деталите беа во тајност, објави британски Телеграф.

Принцот од Велс во четвртокот попладне се сретна со Тајната разузнавачка служба која се занимава со странско разузнавање и го штити Обединетото Кралство (ОК) од странски ризици.

Посетата не беше однапред објавена и дури потоа се појави во Судскиот циркулар, дневниот список на официјални кралски ангажмани, кој се објавува следниот ден.

Не е познато дали принцот се сретнал со шефот на МИ6, Сер Ричард Мур, со кодно име „Ц“.

Записот во Судскиот циркулар гласеше само „Принцот од Велс попладнево ја посети Тајната разузнавачка служба“ без да се наведе локација или дополнителни детали.

Кенсингтонската палата одби да даде дополнителни информации за посетата.

Вилијам, како војвода од Кембриџ, направи слична посета во 2022 година и отиде во седиштето на МИ6 во Лондон со сегашната принцеза од Велс во 2012 година.

Во 2019 година тој исто така помина три недели работејќи со MИ5, MИ5 и со Џи-Си-Ејџ-Кју за да научи како функционираат безбедносните и разузнавачките агенции на ОК.

– Овие агенции се полни со секојдневни луѓе кои ја вршат најнесекојдневната работа за да нѐ чуваат безбедни. Тие работат тајно, честопати дури и не можат да им кажат на семејството и на пријателите за работата што ја работат или за стресот со кој се соочуваат – рече тој во тогаш.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article