Хрватската навивачка Ивана Кнол пристигна во Германија каде се подготвува за ЕП 2024, а на својата инстаграм-приказна се пожали дека е разочарана од сместувањето во хотелската соба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватската навивачка Ивана Кнол пристигна во Германија каде се подготвува за ЕП 2024, а на својата инстаграм-приказна се пожали дека е разочарана од сместувањето во хотелската соба.

 

„Платив илјадници за „најдобриот хотел“ во Берлин, а собите се стари, греењето не работи, теретаната и базенот се во изградба. Не го препорачувам. Платив 650 евра за една ноќ, а во цената е вклучено: стара соба без греење, теретана и базенот не се достапни поради реновирање и згора на тоа менаџерот е безобразен“, напиша таа на Инстаграм.

Атрактивната хрватска навивачка Ивана Кнол (31) родена во Франкфурт и ова лето ќе ја следи фудбалската репрезентација на својата земја. По Мундијалот во Русија во 2018 година, каде што се појави за првпат, и Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година, кога го привлече вниманието на целиот свет, Ивана ќе биде на трибините и во Германија.

Инаку, Германците мислеа дека Ивана Кнол добива билети за да привлече внимание на трибините, а со тоа и да донесе поддршка на социјалните мрежи за репрезентацијата на Хрватска која на последните две Светски првенства постигна импресивни резултати – второ, а потоа и трето место, меѓутоа, таа претходно го демантираше ова:

„Одам на ЕП 2024 и сама си ги купив сите билети. Ниту Хрватскиот фудбалски сојуз, ниту некој друг ми ги подарува, а никогаш и не ми подариле карти. Ќе се видиме на сите натпревари“, напиша Ивана, па така го принуди дури и германски „Билд“ да го отстрани текстот со шпекулациите.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article