More

    СОБРАНИЕТО ЌЕ ДОБИЕ 5 ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ

    spot_img

    Собранието на денешната трета седница ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање постојани работни тела. За одлуката за утврдувањето на бројот на потпретседатели на Собранието гласаа 84 пратеници. Собранието ќе има пет потпретседатели.

    Деведесет и еден пратеник гласаа „за“ утврдување на одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Северна Македонија, односно за формирање на собраниските комисии – Комисија за уставни прашања, Законодавно-правна комисија, Комисија за одбрана и безбедност, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, Комисија за европски прашања, Комисија за прашања на изборите и именувањата, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, Комисија за финансирање и буџет, Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисија за образование, наука и спорт, Комисија за култура и туризам, Комисија за здравство, Комисија за социјална политика, демографија и млади, Комисија за локална самоуправа, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисија за деловнички и манднатно-имунитетни прашања.

    По гласањето на првата точка, пратениците од „Европскиот фронт“ ја напуштија собраниската сала.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img