More

    Приштина во координација со САД и со ЕУ

    spot_img

    Владата на Косово денеска го одобри пакетот санкции против Исламската Република Иран и новиот пакет санкции против Руската Федерација, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Заменичката-министер за надворешни работи, Лиза Гаши на седницата на Владата рече дека санкциите се координирани со Соединетите Американски Држави, Европската Унија и другите сојузници.

    – Пакетот санкции против Исламската Република Иран е насочен кон лица и субјекти вклучени во активности на нуклеарни и балистички ракети и лица и етнички групи кои даваат поддршка на владата на Иран – рече Гаши.

    Новите санкции против Русија, пак, се поврзани и со смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

    – Во продолжение на поддршката и во согласност со санкциите на ЕУ, предлагаме спроведување на 12-тиот и 13-тиот пакет санкции на ЕУ поради поткопување и нарушување на територијалниот интегритет на Украина и кршење на правата во Руската Федерација, кои се тесно поврзани со убиството на рускиот опозиционер Навални – истакна Гаши.

    Косово е дел од западните земји кои ја санкционираа Русија поради војната во Украина од нејзиното започнување во 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img