More

    Лоша локација нашол на Гугл мапс, се пошегува Мицкоски

    spot_img

    Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош, изјави дека таа реформа била поддржано од половина милион граѓани.

    – Што се однесува до самата реформа. Ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласoви, објавивме фронт на борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа којашто јавно ја зборувавме. Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат, наместо да има судството доверба кај граѓаните од 2,3 или5 %, да направи реформи и таа доверба да ја зголеми. За жал, ја пропушти можноста. Сега ќе дојде некој друг на негово место, којшто се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа високо двоцифрена. За жал, наместо да работи за граѓаните, тој одлучи плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас. Мислам дека лоша локација на Гугл мапс нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува – рече Мицкоски.

    Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани, кои на 8 мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img