More

    Милитантната група ја прифаќа Резолуцијата за прекин на огнот на ОН

    spot_img

    Хамас ја прифаќа резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот и е подготвен да преговара за деталите, изјави во вторникот за Ројтерс високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, додавајќи дека на Вашингтон е да се погрижи Израел да ја почитува.

    – Хамас ја прифаќа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во врска со прекинот на огнот, повлекувањето на израелските трупи и размената на заложници за затворениците што ги држи Израел – рече тој и додаде:

    – Американската администрација се соочува со вистински тест да ги исполни своите обврски за принудување на окупацијата веднаш да стави крај на војната во спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

    Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри планот на американскиот претседател Џо Бајден за постигнување прекин на огнот во Газа со резолуција усвоена во Њујорк.

    За предлог-резолуцијата гласаа 14 земји-членки, додека Русија, една од земјите со право на вето, беше воздржана.

    Додека САД бараат договор за прекин на огнот во Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оди по тенко јаже, пишува Би-Би-Си. Во анализта се вели дека со тоа што членот на воениот кабинет Бени Ганц и екс-генералот Гади Ајзенкот го напуштија Нетанјаху ги заплеткува нештата.

    Без Бени Ганц, Американците го загубија омилениот контакт во кабинетот.

    Сепак, Нетанјаху е безбеден сè додека може да ја зачува коалицијата што му дава 64 гласа во 120-члениот израелски парламент.

    Би-Би-Си ја коментира и тешката задача на американскиот државен секретар Антони Блинкен кој осум пати до сега оди на турнеи на Блискиот Исток и „е осуден одновно да ги преживува истите 24 часа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img