Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и во Гази Баба каде што било запалено ѓубре; во Радовиш кај населба Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај село Чифлик. Во овие места горела ниска вегетација.
Пожарникарите интервенирале и во Тетово кај село Фалише каде што горела депонија, потоа во Општина Маврово и Ростуше, село Галичник каде што се запалил трансформатор и грмушки, а во Општина Демир Хисар во изминатото деноноќие имало помала интервенција.
ЦУК апелира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.