Пејачот Бед Бани неодамна настапи во Порторико, а за време на настапот танчарка се „закачи“ за неговото меѓуножје. „Инцидентот“ се случил во преполната сала, а видеото почна да се шири на социјалните мрежи.
Имено, танчарката дошла до пејачот на сцената и почнала да го тресе задникот. Во еден момент нејзините хулахопки се закачиле за неговите кратки панталони. Кога сфатиле што се случува, другите танчари ги опколиле и се обиделе да ја сокријат глетката.
Бед Бани после сè, почнал да се смее.
Неговата реакција многу негативно ја коментираа на мрежите, каде видеото стана вирално.
„Беше навистина груб со неа, таа само си ја вршеше работата како танчарка“, „Претера“, „Беше агресивен“, „Неговата реакција е непримерна“, „Премногу е вообразен“.
„Упс, што ќе му каже Кендал Џенер“, прашаа други корисници на социјалните мрежи.
„Ова е всушност толку урнебесно“, гласеше уште еден коментар.
Да потсетиме, Бед Бани е во врска со манекенката Кајли Џенер, една од сестрите Кардашијан-Џенер. Извесен период ја прекинаа врската, но неодамна фотографите ги фотографираа како заедно тајно излегуваат од хотелот.