На денот на финалето на Ролан Гарос се одржа прес-конференција на која претседателот на Француската тениска федерација Жил Моретон и директорката на натпреварувањето Амели Морезмо ги изнесоа своите коментари за тековниот турнир, пишува Мондо.
Најголем дел од прашањата од новинарите беа зошто немаше женски натпревари во вечерните часови, а потоа се појави и прашањето за скандалозниот потег на организаторите.
„Сега кога знаете што се случи и како испаднаa работите, ќе направевте ли поинаков избор во првата сабота кога на програмата го вметнавте мечот меѓу Григор Димитров и Зизо Бергс со што се одложи почетокот на дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети?“, гласеше едно прашање.
А одговорот на директорката Морезмо беше:
– Знаеш што? Нема да одговорам на тоа прашање. Како што реков многу пати досега, секогаш е лесно да се зборува кога ќе заврши, кога знаеш како ќе помине денот. Врнеше по цел ден, секој ден, така што работите не функционираат така идеално.
„На мечот со Франциск Серундола, Ѓоковиќ се пожали на лошата состојба на земјена подлога и побара почесто да се чисти теренот. Се повредил кога се лизнал. Дали планирате да го смените тоа и да дозволите почесто чистење на згурата?“, гласеше друго прашање.
– Ако добро разбрав, тоа не зависи само од играчот, тоа е и одлука на судијата. Исто така, надзорникот тој ден беше на теренот и донесе одлука. Ваквите одлуки на теренот ги носат луѓе кои можат да проценат дали дали тоа е можно или не. Она што се случи тој ден е одлуката што е донесена и тоа е тоа – заклучи Амели Морезмо.
Поранешната тенисерка и поранешен тренер на Енди Мареј имаше подготвен одговор на тие прашања, па очекувано направи се за да го оттргне вниманието од вината за Ролан Гарос…