Обилните врнежи предизвикаа поплави денеска во Анкара, а водата поплави некои метро станици и подземни премини.
Работата на метрото е прекината поради поплавените влезови на станиците, додека патиштата во некои градски населби се затворени, јавува Анадолија.
Возилата заглавени на коловозот со механизација и вилушкари ги влечеле на суво, а спасувачките екипи ги извлекле затрупаните од возилата.
Засега нема информации за проценетата штета.