Најмалку 13 лица се повредени во експлозија во продавница „Направи сам“ во градот Ботосани во североисточна Романија.
Локалните власти соопштија дека еден од повредените е во тешка состојба.
– Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, додека 10 лица се свесни, но со различни повреди и изгореници. На сите им е укажана лекарска помош, соопшти итната помош.
Се наведува дека е алармирана хеликоптерската единица за итни случаи и оти на местото на несреќата се испратени две возила на брза помош и две противпожарни возила.
Сѐ уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали се повредени клиенти или вработени.