Гласајте или соочете се со војна, ги предупреди полскиот премиер граѓаните на ЕУ пред изборите во европскиот парламент.
„Со оглед на тоа што партиите со симпатии кон Русија се подготвени да постигнат придобивки на друго место, вклучително и во централна Европа, Граѓанската коалиција на Туск нагласува дека ЕУ треба да застане цврсто и обединета против опасноста од Москва“, пишува Би-Би-Си.
Тој го повикува полскиот народ да излезе и да гласа за да се заштити.
„Пораката вклучува вистинска загриженост кај електоратот во земјата, бидејќи многу Полјаци се инстинктивно претпазливи за нивниот гигантски сосед Русија од историски и од географски причини“, се вели во статијата.
Повеќе од 230 километри (142 милји), северна Полска се спротивставува на Калининград, силно милитаризираната руска ексклава. Обележана со дебели ролни од бодликава жица, границата ја надгледуваат возила опремени со термални камери.
На главниот премин, зборот Русија е јасно напишан со црвени букви од другата страна. Секој автобус со патници се проверува прецизно со помош на куче трагач пред да помине.
Безбедноста веќе беше зајакната кога претседателот Владимир Путин започна целосна инвазија на Украина пред повеќе од две години. Но, во пресрет на европските избори, Доналд Туск изјави дека ќе направи повеќе за безбедноста.
„Штит Исток“ е проект од 10 милијарди злоти (1,992 милијарди фунти) за зајакнување на границата на Полска, со сè, од високотехнолошки надзор до ровови. Намената е да се осигура дека „непријателот“ знае да „се држи настрана“ од Полска, објави премиерот Дондал Туск.
„Европските избори не предизвикуваат голема возбуда. Излезноста е традиционално далеку помала отколку на националното гласање и нема ни приближно ист број на постери за кампања низ градот. Но, кога Доналд Туск во вторник ќе собере толпа поддржувачи во Варшава на последниот митинг пред гласањето, безбедноста сигурно ќе биде високо на неговата агенда“, се вели во репортажата на Би-Би-Си.