Унгарската државна компанија Корвинус (Corvinus Zrt) и францускиот коинвеститор „Ванси “ (Vinci Airports) го купија аеродромот во Будимпешта од претходниот главен акционер Авијалиенс (AviAlliance) и малцинските акционери.
Корвинус стана мнозински сопственик на аеродромот со 80% од акциите, а неговиот француски партнер Ванси ќе ги има останатите 20%.
Министерството за економија на Унгарија соопшти дека купувањето на аеродромот чинело 3,1 милијарди евра, со продолжување на претходно доделените заеми од 1,44 милијарди евра.
„Унгарската влада и францускиот коинвеститор ќе работат на тоа аеродромот во Будимпешта да стане еден од најдобрите не само во регионот, туку и во светот“, се вели во соопштението на Министерството за економија.
Пред продажбата, главен акционер на аеродромот во Будимпешта со удел од 55,44 отсто беше Avialiens, во сопственост на канадскиот одбор за пензиски инвестиции во јавниот сектор (PSP Investments).