Сообраќајна несреќа вчера се случи во Грција во која едно лице загина, додека други две се тешко повредени.
Несреќата се случила вчераутро кога директно се судриле автомобил од Србија и автобус, јавува Нова.рс.
Грчките медиуми јавија дека во несреќата се повредени татко, мајка и дете. Жената од повредите починала денеска во болница и покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот. Мажот (41) е од Србија, додека мајката по потекло е од Хрватска, пишува Нова.рс.
Двегодишното дете кое беше повредено во несреќата итно е префрлено во болница во Солун.
Полицијата во Грција работи на утврдување на околностите кои довеле до несреќата.