More

    Величковски: Новата правна рамка им овозможува олеснет влез на давателите на платежни услуги од финтек-секторот на пазарот на платежни услуги

    spot_img

    Новата правна рамка во платежната сфера е значително усогласена со правото на Европската Унија и им овозможува олеснет влез на давателите на платежни услуги од финтек-секторот на пазарот на платежни услуги во земјата, по исполнувањето на условите коишто се хармонизирани со регулаторните барања за влез на пазарот во Европската Унија, посочи Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи во Народната банка во своето излагање на панел-дискусијата „Создавање ефикасен финтек-пазар – регулаторна перспектива“, во рамките на третото издание на форумот „Финтисипејт“ организиран во Белград од компанијата „Њу енџелс“.

     Величковски, на панел-дискусијата на која учествуваше и г-ѓа Наташа Раичевиќ, раководителка на Одделението за регулатива, лиценцирање, согласности и мерки од Централната банка на Црна Гора, а со која претседаваше г-ѓа Весна Лапчиќ, основачка,  извршна директорка и уредничка на порталот „Сѐ за парите“ (Sveonovcu.rs), се осврна подетално на новата правна рамка којашто ја поттикнува конкуренцијата помеѓу банките и новите учесници преку создавање иновативни решенија за побрзи, поудобни и поевтини плаќања. Тој напомена дека новата правна рамка истовремено обезбедува и поголема заштита на правата на граѓаните.

     Усогласената правна рамка во платежната сфера со правото на Европската Унија создаде основа за побрза интеграција на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Оттука, Народната банка во соработка со релевантните државни институции, поднесе првично барање до Европската комисија, за пристапување на нашата земја во СЕПА, за неформално мислење, а по добивањето и разрешувањето на евентуалните забелешки, тоа ќе биде и официјално поднесено. Со пристапот до СЕПА, домашните банки ќе добијат можност да бидат учеснички во платните системи во областа на СЕПА, што ќе обезбеди директни релации со многу странски деловни банки, а тоа ќе придонесе за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите во земјата.

     Во контекст на поддршката на развојот на финтек-секторот, Величковски истакна дека Народната банка има воспоставено Порта за иновации, како платформа за комуникација со иновативната бизнис-заедница и обезбедување насоки поврзани со регулативата за лиценцирање на нивните деловни идеи. Со заеднички напори на Народната банка и останатите регулатори во финансиската сфера беше изготвена и донесена Финтек-стратегијата за финансиските регулатори, во согласност со која се преземаат голем број активности за модернизација на финансискиот систем на земјата.

     На форумот учествуваа претставници на централните банки и деловните банки од земјите на Западен Балкан, како и на голем број финтек-компании од регионот, Европската Унија и од други делови од светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img