Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, утре во 12 часот, ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информира претседателскиот Кабинет.
Од утре почнуваат да течат роковите од 20 дена за формирање влада.
За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120-те пратеници.