More

    Научниците имаат добри вести за мажите

    spot_img

    Не може со јасност да се каже дали бројот на сперматозоиди кај мажите ширум светот опаѓа, сугерира нова студија од истражувачи од Велика Британија, Канада и Данска. И ова е добра вест! Тоа значи дека повеќето студии кои во последните 30 години покажуваат дека спермата се намалува во индустриските земји поради загадувањето и изложеноста на пластики и хемикалии едноставно не мора да бидат точни и да се толкуваат на тој начин.

    Новата студија разгледала податоци од 6.758 мажи на возраст од 18-45 години од четири града во Данска, кои аплицирале да станат донатори на сперма во најголемата банка за сперма во светот, Cryos International. Податоците го опфаќаа периодот помеѓу 2017 и 2022 година, а сите примероци биле оценети на ист начин.

    – Обично се верува дека бројот на сперматозоиди кај мажите опаѓа. Не видовме таква промена и тоа сугерира дека во оваа популација на апликанти за донатори на сперма, во овие четири дански градови, концентрациите на сперма не се променија помеѓу 2017 и 2022 година –  рече коавторот, професорот Алан Пејси од Универзитетот во Манчестер, во изјавата испратена по е-пошта до ИФЛ Наука.

    Всушност, копајќи уште подлабоко по наодите, тимот успеал да најде намалување на вкупниот број сперматозоиди кај овие мажи само од околу 0,1 до 5 проценти годишно и тоа меѓу 2019 и 2022 година. Ова намалување не се смета за статистички значајно.

    Сепак, научниците забележале дека за истиот период подвижноста на спермата кај испитаниците се намалила за 16 до 22 проценти – што е значително. Една од тезите е дека ова се совпаѓа со периодот на светската пандемија со ковид-19 кога новиот вирус имаше влијание на здравјето на луѓето.

    Но, не само на здравјето, туку и на нивната подвижност и животен стил.

    Тимот не е сигурен дали една ваква студија со мал број испитаници може да предвиди дека ова се случува со сите мажи во Данска.

    Напротив, научниците велат дека потребно е да се собираат податоци за животниот стил и навиките на секој маж одделно за да се откријат подетално причините.

    Интересно е што ова значи дека е можно да се развие персонализирана програма за подобрување на квалитетот на спермата за секој од испитаниците. Toa сугерира и дека причините кај секој маж се разликуваат.

    Накратко, оваа студија би сугерирала дека важи старата поговорка дека битен е „квалитетот, а не квантитетот“.

    Студијата е објавена во списанието Human Reproduction.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img