More

    Таткото на Данка сака агонијата да заврши што поскоро

    spot_img

    Таткото на малата Данка Илиќ, Милош Илиќ го коментираше изненадувачкото сведочење на Срѓан Јанковиќ(50), едниот од двајцата осомничени за убиството на двегодишното девојче.

    – Шокиран сум од ова што се случи денес. Зошто (Јанковиќ) чекаше два месеци за да демантира сè сега? Се надевам дека оваа агонија ќе заврши што е можно поскоро, не го очекував ова. Морам да кажам дека ме погоди, а детето нема да им го простам – рече таткото, коментирајќи го потегот и однесувањето на осомничениот за убиството на неговата ќерка.

    Тој рече дека е сосема нечуено осомничениот да негира сè.

    – Ја крена цела Србија на нозе, сите чекаа да открие нешто, а тој рече – немам врска со тоа. Верувам дека тој можеби знае нешто – рекол таткото на Данка.

    Милош откри дека поради негативните коментари во јавноста дека неговото семејство е вмешано во ова грозоморно злосторство, семејството се повлекло од социјалните мрежи, пренесува Блиц.

    – Ги изгасивме социјалните мрежи, не можеме да ги читаме коментарите во кои нè обвинуваат. Па кој нормален би му наштетил на своето дете. Само да се разоткрие се, ќе ја отворам вратата од домот и ќе ја раскажам нашата приказна – рече Милош.

    Запрашан како тој и неговата сопруга се држат сите овие недели по убиството на нивната Данка, тој едвај проговори:

    – Засега се држиме поради нашиот син и бебето што го очекуваме.

    Осомничениот Јанковиќ вчера на неколкучасовниот распит изјави дека не е виновен за тоа дело.

    Според деталите од сведочењето што протекоа во српските медиуми, тој тврди дека не е виновен ниту за првичниот удар со автомобил во девојчето, ниту за убиството на Данка.

    Притоа, осомничениот за нејзиното убиство изјавил дека не го ни видел девојчето на 26 март годинава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img