Во Фејсбук групата Грчка инфо објавено е видео на кое се гледа огромна змија снимена на плажата во Патра. Таа беше снимена како излегува од морето, ползејќи преку плажата до грмушките. Во позадина се слушаат вресоци од исплашените туристи кои во тој момент се затекнале на плажата.
Колку што може да се процени од видеото, станува збор за невообичаено голема змија, долга од 1,5 до 2 метри.
Следуваше лавина коментари од луѓе кои вообичаено летуваат на Грција. На некои не им е многу грижа за тоа дека на плажата има змија, некои се шегуваат со необичната ситуација, а некои не се чувствуваат удобно покрај вакви сцени и се прилично исплашени.
„Подобро змија отколку ајкула“, „Додека ми се претстави, веќе сум веќе мртва“, „Не е многу интересно кога ќе се прикраде позади“, „Таа треба да умре сега!“, „Не е отровна“, „Тоа е нејзина природна средина“ „Луѓето се натрапници на плажите, не змиите“ – ова се само дел од бројните коментари.