More

    Историската експедиција на кинеската сонда: со првите примероци на Месечината веќе на пат кон Земјата

    spot_img

    Модулот на кинеската сонда Chang’e 6 веќе се враќа на Земјата со првите примероци од далечната страна на Месечината. Станува збор за историска експедиција, бидејќи експертите за прв пат ќе анализираат примероци од главно неистражената страна на Месечината по успешното враќање на сондата.

    Еден од модулите на кинеската лунарна сонда Chang’e 6, која слета на далечната страна на Месечината во неделата, ги извади првите примероци и денеска го започна своето патување назад кон Земјата, соопшти кинеската вселенска агенција.

    За прв пат во историјата на експедициите, нова кинеска вселенска експедиција успеа да се крене од далечната и главно неистражена страна на Месечината и да се врати назад кон Земјата.

    Кинеската новинска агенција Ксинхуа го опиша лансирањето на модулот од природниот сателит на Земјата како „пионерски подвиг во историјата на човечкото истражување на Месечината“.

    Анализата на добиените примероци ќе им овозможи на научниците „подлабоко истражување на историјата на формирањето и еволуцијата на Месечината“, изјави Ге Пинг, претставник на кинеската експедиција.

    Шестата кинеска лунарна сонда со четири модули, која беше лансирана на 3 мај и се очекува да помине 53 дена собирајќи примероци од карпи од големиот лунарен кратер Јужен Пол-Аиткен, исто така ќе обезбеди увид во „потеклото на Сончевиот систем (…) и со што се обезбедува подобра основа за подоцнежните истражувачки експедиции“, објасни Ге Пинг, според француската новинска агенција АФП.

    Chang’e 6 е шестата лунарна мисија на Кина од 2007 година. Името го добила по кинеската божица на Месечината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img