More

    Министерот загрижен од најавите за „упад” од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

    spot_img

    Сè уште актуелниот министер за правда во техничката влада, Кренар Лога, информира дека до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон испратил писмо во кое ја изразил својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека доколку дојде на власт, ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

    Во писмото до амбасадорите, Лога вели дека за него и за Министерството за правда распуштањето на овие тела е неприфатливо, не заради одбрана на поединци кои се дел од нив, туку, како што вели, за независноста и непристрасноста на институциите за што е добиен извештај од Оценската мисија во кој е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството.

    „Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по одржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и извештај. Препораките од извештајот со особено внимание беа разгледани од највисоките претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе што овие препораки се дел од најзначајните документи како Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително, беше формирана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор“, пишува Лога во писмото до странските амбасадори.

    Оценувајќи ги за избрзани и опасни, Лога во писмото вели дека најавите за распуштање на овие две тела ќе доведе до концентрација на моќ на трите власти кај една партија што, како што додава, ќе значи пресликување на состојбите од пред 2017 година, кои довеле до заробена држава.

    „Цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Северна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери“, објаснува министерот.

    Писмото во кое Лога ја изразува својата загриженост за најавата за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители е испратено до амбасадорите на Европската Унија, САД, Германија, Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во земјава и до Европската комисија во Брисел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img