Настапот на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос е неизвесен. Според последните вести од Париз, повредата на најдобриот тенисер во светот е сериозна и тој денеска завршил во болница.
Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар вчера се пласира меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, по мечот изјави дека не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале.
– Во третиот гем од вториот сет се лизнав, тоа влијаеше на моето колено и почнав да чувствувам болка, го побарав физиотерапевтот и медицински тајм-аут. Успеа да се среди но ме потресе, два сета не сакав да играм долги поени, не се чувствував добро за да трчам. Не знаев дали да продолжам, ми дадоа лекови и по три сета побарав повеќе, тоа беше максималната доза, 35-40 минути е ефектот. Потоа се подобри, почувствував помали ограничувања во движењето. Петтиот час беше без болка. Ефектите од лековите нема да траат долго, па тестовите и скенирањето ќе ги направиме утре. Има позитивни вести, но и грижи. Ќе видиме утре – изјави Новак Ѓоковиќ по синоќешниот меч.
Што се знае за повредата на Новак Ѓоковиќ? Натпреварот го заврши во полн сјај, како да нема проблем со коленото, па остави простор на прес-конференцијата да не се појави на остатокот од турнирот, а потоа ги охрабри своите навивачи ширум светот со објава на социјалните мрежи.
Но новите вести од Париз се загрижувачки. Повредата на коленото е непријатна и прашање е колку Новак ќе може да направи против Каспер Руд во четвртфиналето на парискиот грен-слем.
Она што сега е јасно е дека Ѓоковиќ денеска нема да биде на теренот. Неговото име го нема ниту во распоредот за тренинзи кој организаторите го објавуваат секојдневно и го ставаат на располагање на медиумите.
Наместо на тренинг Ѓоковиќ денеска ќе оди во болница каде ќе му биде направена магнетна резонанца на повреденото колено.